Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање.
Од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено.
-Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината „Модерна“ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање.
Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна“.
Инаку, бустер дозата на вакцината против Ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Pfizer-BioNTech) или векторска вакцина (Гам-Ковид-Вак, Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина (SARS-CoV2 (Vero Cell) Inactivated-Sinopharm), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК вакцина, како дополнителна, трета доза).
Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината Гам-КОВИД-Вак се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина.