Здравковски: Царовска да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокопии

Од:

Во недостаток на аргументи и немање конкретни одговори на поставените прашања од страна на наставниците, родителите, учениците и пратениците Мила Царовска го губи тлото под нозете и во паника сѐ почесто се обидува да ја спинува темата. Арогантно и инаетливо ги навредува сите, им го проценува капацитетот и кредибилитетот на пратениците, ги омаловажува родителите, ги критикува наставниците и сето незадоволство од споменати го припишува на влијанието на ВМРО-ДПМНЕ рече на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравсковски.

„Ние бараме да оствари тоа што во концепцијата самата го има предвидено, еднаков пристап и еднакви можности за сите во образовниот систем. Тоа со дигитални учебници за оние кои може да си ги дозволат и печатени учебници, еднакви на црно – бели фотокопии едноставно не е можно. Царовка да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокoпии, всушност да го објасни принципот на „дрвено железо“. Како во така печатени учебник, кој таа го промовира, ќе се пренесат мултимедијалните содржини од дигиталниот учебник? Откако и стана јасно дека тоа не е можно сега ветува библиотечен фонд во секое училиште од таблети. Ние не и веруваме, затоа што ништо што оваа Влада што го ветила го нема остварено и длабоко сме убедени дека доколку имаше сериозна намера тоа да го стори, таа и досега ќе обезбедеше таблети за најранливите категории“ – вели Здравковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?