„Зборна за Жутиве?” – смс-порака меѓу Јанакиески и Кирил Божиновски

Од:

На продолжението од судското рочиште за предметот на СЈО, под кодно име „Траекторија“, обвинителката Лиле Стефанова презентира 156 пораки меѓу Миле Јанакиески и Елена Кузманоска од 2012 и 2013 година за договорот со Кинезите за изградбата на автопатиштата во Македонија.

Во смс-порака меѓу нив двајцата од 6 декември 2013 година Јанакиески на Кузманоска и’ пишува: „Многу е сериозен проектот да работиме како муви без глави. Досега така го работевме“.

Во следна смс-порака од истиот ден, пишува: „Нема да ги пишува таа црната, туку Данче и уште еден што беа убедени дека договорот е спротивен на Законот за јавни набавки“.

Во 29 смс-пораки меѓу Миле Јанакиески и Кирил Божиновски има комуникација за договорот со Кинезите за автопатиштата.

Во порака од 3 март 2013 година пишува: „ПС Зборна за Жутиве?”. Во друга порака пишува: „На Кинезиве очиве почнаа да им се отвораат од чекање“.

На 26 октомври продолжува изведувањето на смс-пораките.

Во предметот „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и поранешниот директор за државни патишта, Љупчо Георгиевски, се обвинети дека во текот 2012 и 2013 година презеле дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања, со што според СЈО, на државниот буџет му нанеле штета од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов