Завршува грејната сезона

Од:

Грејната сезона завршува денеска на 15 април 2026 година и започнува таканаречениот преоден период кој трае до 30 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

-Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови согласно добиените податоци од Управата за хидрометеоролошки работи снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен Целзиусов, соопшти РКЕ.

Грејната сезона во Скопје за корисниците кои се приклучени на системот за парно греење започнува на 15 октомври и трае до 15 април.

Би можело да ве интересира

Загубите на вода на национално ниво изнесуваат 63,05%

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори, регистрира Регуларона

Грејната сезона продолжува на 1 и 2 мај, соопшти Регулаторна

Ацо Ристов ја презеде претседателската фунција во Регулаторна комисија

Регулаторна ги објави новите цени на горивата