Завршни зборови на Обвинителството за предметот „Трезор“

Од:

Наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата, наведе во завршен збор Обвинителството за предметот „Трезор“.

Обвинителот Трајче Пеливанов рече дека обвинетите не само што набавиле поскапа опрема преку фирма посредник, туку подоцна склучиле и два анекси со што е наплатена значителна разлика во цената од 26 милиони денари, што претставува заработка за Финзи, а дополнително склучиле и договор за обука за користење на опремата остварувајќи корист од 21 милион денари.

Правното лице Финзи е основано 2007 година во САД како оф-шор компанија за да се скрие сопственоста, а во 2009 година е основано Финзи ДООЕЛ Скопје, каде како управител е Владислав Стајковиќ, а подоцна и покојниот Коста Крпач, додека краен сопственик е Орце Камчев.

– До добивање на договорот за набавка на опрема од УБК во 2010 година Финзи Скопје, освен трансфери за удел нема друга деловна активност во земјава и првиот вистински договор е со фирмата ГАМА од Велика Британија, која нуди опрема и софтвер за разузнавачки служби, дизајниран да врши упад во компјутери и мобилни преку далечинско управување, како и обуки за упад во технички уреди, појасни обвинителот Пеливанов.

Доказ дека обвинетите ја договориле набавката, пред добивање на договорот за набавка со УБК, рече Пеливанов, се доказите дека патувале во Лондон и имале средби со ГАМА интернационал.

– Со цел реализирање на намерата на обвинетите, сведокот Ѓоко Поповски на кого усно му наредиле носи наредба да се изврши јавна набавка и склучува договор за набавка на опрема со Финзи Скопје, рече Пеливанов и додаде дека претходно пред официјалното почнување на постапката за набавка на опрема во МВР бил склучен договор меѓу ГАМА и Финзи за ексклузивен дистрибутер во наредните шест години.

Тоа, според Пеливанов, укажува дека е договорено три месеци пред продажбата кога обвинетите присуствувале во Велика Британија, а тоа го потврдува и издадениот сертификат од МВР за ГАМА што укажува дека постоел договор меѓу МВР и ГАМА за опремата да се набави преку Финзи.

Нагласи дека биле склучени уште два анекси на договорот со Финзи при што разликата за набавната и продажната цена изнесувала 26.568.276 денари, штета нанесена на Буџетот на државата, а покрај тоа, за како што рече, со измислување на наводна потреба за непречено и успешно функционирање на опремата склучен е договор помеѓу МВР и Финзи за да се продолжи одржувањето на опремата и за нејзино надградување со намера да се оштети Буџетот и за Финзи да се прибави имотна корист од 21.422.500 денари.

-Набавката на опремата која не била извршена директно од ГАМА, туку преку дотогаш анонимната фирма Финзи Скопје чиј директор на почетокот бил Владислав Стајковиќ, брат на обвинетиот Небојша Стајковиќ, а подоцна сега починатиот Коста Крпач со краен сопственик Орце Камчев со тогаш во блиски односи со обвинетиот Сашо Мијалков претставува договор за набавка на опрема која е прва голема зделка на Финзи Скопје која и носи заработка од 26.568.276 денари, а подоцна и заработка од 21.422.500 денари за одржување на опремата, рече Пеливанов и нагласи дека се докажаа фактите за умисленото извршување на обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Небојша Стајковиќ, како и умисленото помагање од обвинетиот Тони Јакимовски преку злоупотребување на службената положба.

Завршните зборови на одбраната се закажани за 29 март 2021 година.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Пет месеци судиите ја пишувале пресудата за „Трезор“, втор предмет за кој е ослободен Мијалков

Кристијан Ландов

Кои се судиите кои го ослободија Мијалков за прислушкувањето: Исти состав како за „Рекет“, еден од нив Русковска го тресеше од гаќи

Кристијан Ландов