Завршна конференција за проектот „Мрежа 23+“

Од:

Институтот за човекови права – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ќе ја одржат завршната конференција од проектот „Мрежа 23+“, на која според најавите на организаторите ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и други владини претставници.

Целта на завршната конференција од проектот „Мрежа 23+“, насловена „Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење“ е презентирање на досегашната работа, како и поттикнување на отворена дебата за состојбите во областите кои се опфатени во поглавјето 23, односно правосудството, борбата против корупцијата и темелните права на граѓаните.

Оваа конференција се случува во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ, за евентуално отпочнување на преговори со Унија.

На конференцијата, освен Заев, ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска, градоначалникот на општина центар Саша Богдановиќ, јавниот обвинител Љубомир Јовески, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и претставници на институции, граѓански организации и експерти.

Тие ќе зборуваат за најпроблематичните области, но и за клучните активности кои треба да се преземат во наредниот период во однос на поглавјето 23.

Проектот е финансиран од Европската унија и ко-финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Целта на проектот „Мрежа 23+“ е да придонесе кон вградување на принципите на владеењето на правото во Република Македонија, низ призмата на Поглавјето 23 од пристапувањето кон ЕУ – правосудство, темелни права и борба против корупција, преку структуиран придонес од членките на Мрежа 23.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Дмитриев: Западот затвора очи пред корупцијата во Киев

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор