Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Од:

Завршена е санацијата на средниот столб и на главните носачи на Железничкиот мост на Црна Река, во близина на Стоби, а утре во периодот од 11 до 14 часот ќе се изврши пробно испитување-пробно товарање на мостот.

-Очекуваме се’ да биде во најдобар ред со носивоста на мостот и ќе се направи технички прием, по што планираме утре попладне повторно да го пуштиме товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од средна Европа.Воедно патниот сообраќај кој од 14 ноември кога се случи оштетувањето на столбот досега се одвиваше континуирано со воз и автобус и преместување на патниците од утре попладне ќе биде само со воз на релација од Гевгелија преку Велес за Скопје и обратно, информира за МИА, Никола Марков од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Првиот воз без преместување на патниците, а само со воз ќе биде оној кој од Гевгелија за Скопје поаѓа во 16,20 часот утре попладне.

Од 15 ноември и се уште патничкиот железнички сообраќај се изведува комбинирано, од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваат со автобус, додека од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија се воз.

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември минатата година поради оштетување на столбот. Изведувачот на градежните работи фирмата „Синтек инженеринг“ од Скопје која ги започна работите на 29 ноември со рок од 45 дена ги заврши една недела предвреме.

На истиот Железен мост на Црна Река кај Стоби пред четири години беше оштетен, првиот столб, и во периодот од 29 септември 2018 до 8 ноември железничкиот сообраќај беше исто така во прекин.

МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт тогаш информираат дека имале загуба од 1,2 милиони евра, а најновата загуба поради 52 дневното не сообраќање на товарните возила допрва треба да се пресмета.

Би можело да ве интересира

Николоски: Вработените во Железници и во Пошта ќе земат плата, полицијата и обвинтелството ќе истражува за нивната презадолженост

Овчар со стадо овци останал заробен среде вода откако надошла Црна Река во Тиквешко

A1on

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

A1on

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

A1on

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци