Заврши реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово

Од:

Заврши внатрешната реконструкција на Занаетчискиот дом во Куманово. Од вторник тука ќе можат да се венчаваат младите брачни парови од градот, а просторот ќе може да се користи за изложби, промоции и семинари.

– Реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово се спроведуваше преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион. Две третини од средствата за санација ги обезбеди Центарот за развој на североисточниот плански регион, а една третина општина Куманово, информира градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.

Тој посочи дека за реконструкцијата се одвоени 18 милиони денари. Во внатрешноста на овој објект, лоциран на градскиот плоштад, променета е столаријата, поставена е изолација, инвестирано е во греењето, сменети се санитарните јазли и електричната инсталација.

Дамјановски очекува да се промени и фасадата и надворешно да се осветли. Просторот ќе можат да го користат граѓанските и невладини организации. Со реконструкцијата беа опфатени трите ката на објектот, но и покрај тоа е планирано да се задржи репрезентативниот изглед.

Домот на занаетчиите е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба во 1930 година.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане