Заврши реконструкцијата на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец

Од:

Заврши реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов на потегот од улицата „Франклин Рузвелт“ до булеварот „Мајка Тереза“, една од главните сообраќајни артерии во населбата Капиштец во центарот на градот.

-И официјално заврши големата градежна офанзива на Градот Скопје во обнова, реконструкција и изградба на нова инфраструктура со пуштање во употреба на двете главни последни улици, односно „Васил Ѓоргов“ и булеварот „8 Септември“, пред базенот и хотелот Алксандар Палас. Во текот на оваа есен извршивме сериозна реконструкција на над 40 километри инфраструктура. Еден од главните зафати беше булеварот Александар Македонски, целосно се обновени улиците Васил Ѓоргов, булеварот 8 Септември, 11 Октомври пред Зелено пазарче, улицата Востаничка со сите приклучоци за водовод, и мислам дека имавме успешна есен во обнова на инфраструктурата, посочи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Додава дека остануваат уште на „Васил Ѓоргов“ и на некои од делниците на кои работеле да се доуредат велосипедските патеки и тротоарите со цел да биде заокружен овој процес.

-Не застануваме тука, новиот пакет на градот е веќе спремен и во текот на следните дваесетина дена треба да започне продолжувањето на изградбата на булеварот „Никола Карев“ од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли, рече Шилегов.

На улицата Васил Ѓоргов извршена целосна реконструкција на коловозот во должина од околу илјада метри, реконструкција на оштетените делови од тротоарите, заменети се оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со улицата „Франклинг Рузвелт“.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата беше завршена во предвидениот рок од 45 дена.

Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на своите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од ваквата интензивна градежна офанзива.

Би можело да ве интересира

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ