Заврши реконструкцијата на повеќе улици во Куманово

Од:

Заврши реконструкцијата на повеќе улици во Куманово, информира денеска Секторот за урбанизам на Општина Куманово.

Изминативе денови се асфалтираа улици во населбите „Перо Чичо“, „Ајдучка Чешма“, „Гоце Делчев“, „Тоде Мендол“ во централното градско подрачје и во село Черкези. Асфалтирани се краци на улици кои се дел од програмата за рекострукција, изградба и санација за 2017-та година.

– Досега се поставени 17.000 квадратни метри асфалт од почетокот на Програмата која почна со реализација во април годинава. Потрошени се 47 милиони денари од предвидените 55 милиони. Продолжуваме со реконструкција на улиците со утврдената динамика се додека не се потрошат предвидените средства, изјави помошникот-раководител на Секторот за урбанизам Момчило Јовановски.

Покрај поставување афалт, Програмата предвидува и крпење на ударни дупки. Со реконструкцијата се опфатени помали улици во населбите во градот, но и поголеми улици, булевари и сообраќајници, крстосници.

Последнава недела целосно е завршена реконструкцијата на неколку улици во населбите „Гоце Делчев“ и „Перо Чичо“ во село Черкези и на улици во цетралното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда