Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми или не

Од:

Заврши тричасовната јавна расправа на кои беа презентирани аргументите и доказите на Судскиот совет но и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Во иницијативата за одговорност има две точки – Непојавување на седници на судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервју на Адеми во кое говореше за политички на притисоци, односно нејзиниот одговор дека нема да се појави во Судскиот совет, иако била поканета да зборува за тоа нејзиниот став за нејзините наводи за притисоци.

Подносителот на претставката Миљазим Мустафа, кажа дека согласно Кривичниот закон, имало и можна кривична одговорност казнива со затвор, односно дека наводите за притисоци биле попречување на правдата.

„Од каде сте сигурни дека нема псотапка за политички притисоци по која се постапува по допрен глас, на која мора да се заштити тајноста на постапката“, кажа адвокатката Павлина Зефиќ-Јакимовска, која е бранител на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Според неа, Судскиот совет не презел никакви мерки кога други судии зборувале за притисоци врз нив, а за истото зборувале и двајца членови од Советот.

Адеми пак, се повика на извештајот од оценската мисија на ЕУ, каде е наведено дека ниту Адеми, ниту пак министерот за правда немаат потреба да се појавуваат на седниците на Судскиот совет.

Според адвокатката Зефиќ-Јакимовска, несериозно е обвинувањето дека Судскиот совет бил нефункционален без присуството на Адеми, бидејќи без неа се расправало и се носеле одлуки, а таа и министерот за правда се членови без право на одлучување.

Во рок од три дена, се подготвува извештај кој ќе биде доставен до членовите на Судскиот совет и Беса Адеми, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде побарано одговорност или пак ќе биде сопрена постапката.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава