Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Од:

Разрешен е судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети кој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, бегалецот Артан Груби пред неколку месеци завршија на „Црната листа“ на САД поради прикривање и забошотување на предметите во кои беше обвинет поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Според Стејт департментот, судијата примал мито и бил вмешан во значителна корупција, поради што му е изречена забрана за влез во САД. Судскиот совет донесе решение со кое го разреши Беџети, наведувајќи дека е утврдена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Изборот за судија во Стразбур под лупа: Комисијата нема да коментира поединечни ставови

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца