Заврши распитот на Јордан Мијалков

Од:

Заврши распитот на синот на поранешниот директор на УБК, Јордан Мијалков во полициската станица во Кисела Вода. Тој беше повикан во врска со инцидентите за време на крвавиот четврток во Собранието на 27 април годинава.

Мијалков пред истражителите кажал дека бил на протести, на кои често учествувал. Во Собранието влегол за кратко, за да се поздрави со член на обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Синот на поранешниот директор на УБК претходно не одговори на поканата на обвинителството за организиран криминал и не дојде да даде исказ за неговото присуство и дејствување на крвавиот четврток. Тој не се појави на распитот бидејќи бил на патување, а отсуството го правдал и со тоа дека поканата не му била уредно доставена.

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Ален Зекиров, и Блаже Петревски се појавија во полициската станица. Распитот на Зекиров траеше речиси три часа.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски