А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заврши распитот на Чавков и Радулов

by А1он28/11/2017 - 19:0928/11/2017 - 19:36280
Share0

Заврши распитот на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во Кривичниот суд.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во наредните неколку часа судот треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за притвор на Чавков, кое што го поднесе Јавното обвинителство за организиран криминал. Распитот за останатите приведени продолжува.

Адвокатот Љупчо Шврговски за „Макфакс“ потврди дека завршил распитот на Чавков, како и за Оливер Радулов, кој е осомничен за земањето на хард-дисковите со безбедносни снимки од Собранието, а беше дел од обезбедувањето на директорот на УБК.

Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и пратеници и новинари.

Чавков е меѓу триесет и шесте лица кои се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто