НН лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за частење неопределени по кафулиња

Од:

Во една од СМС комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески со нн лице направена на 3 април 2013 година, која беше презентирана денеска на судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ може да се слушне како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ давале пари за частење неопределени граѓани по кафулиња каде истите биле убедувани да гласаат за партијата.

– Секој ден по 500 евра ни одат, давам на луѓе да одат по кафичи да частат и да убедуваат неопределени. И за гласови по 1000 ден давам, му вели непознато лице на Јанакиески, на што ексминистерот одговара „ОК, ќе побараме плус”.

Од СМС пораките исто така можеше да се слушне како Јанакиески ангажира лица да му достават списоци од пензионери кои користеле бесплатна бања, а живеат во општина Центар со цел истите да излезат на гласање.

– Во геријатрија кај Ленче само три стари лица се од Центар. Тие гласале, очекуваме податоци од пензионерските домови, адреси на лицата.

Дај ми список на лица пензионери што користеле бањи од Центар бесплатно, пишува во пораките кои обвинителката Лиле Стефанова ги презентираше во судницата.

Пред почетокот на судењето бранителот Димитар Дангов го откажа полномошното од обвинетиот Никола Груевски, кому му се суди во отсуство.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески