Завод за статистика: Попис пред изборите е невозможен, ќе се злоупотреби во кампањите

Од:

Закажаниот датум за попис на населението, 1 април 2020 година, не важи оти е невозможно да се спроведе во ек на кампањите за предвремените парламентарни избори, велат од Државниот завод за статистика за „А1он“. Институцијата е подготвена пописот да го направи следната година, но треба да се одреди нов датум кој нема да се поклопува со изборите.

„Поради опасноста да се злоупотреби пописот во изборните кампањи не е возможно оваа операција да почне на 1 април 2020 година, датумот што веќе го одредивме иако како институција сме подготвени. Оптимално би било тој да се одржи во октомври следната година оти изборниот процес може да се издолжи и во мај, а на лето не се прави попис поради флуктуацијата на населението. Да се одложи за 2021 година за нас е премногу оти веќе имаме постапки што се почнати. Таков е тендерот за набавка на 6.000 лаптопи, беше неопходно да ја почнеме оти е долга постапка. Доколку се донесе одлука пописот да се одложи за 2021 година, оваа постапка ќе мораме да ја прекинеме“, велат од Државниот завод за статистика за „А1он“.

Таа нагласи дека она што сега им треба во Заводот за статистика е донесување на законот за попис на населението, кој во јуни годинава беше повлечен од собраниска седница и не стигна на дневен ред, а опозицијата има отворена покана за усогласување на законот со нивните забелешки.

Вчера кога заврши лидерската средба премиерот Зоран Заев по објавата дека изборите ќе бидат на 12 април следната година, изјави дека неговиот став е дека пописот треба да биде направен во 2020 година.

„Може да го направиме по изборите, а ако е подготвен Државниот завод за статистика, и пред изборите“, рече премиерот Заев.

Христијан Мицкоски, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека пописот треба да се одложи за 2021 година.

„Не гледам логично објаснување наредната година да имаме попис. Мислам дека тоа треба да се направи на почетокот на наредната декада, односно во 2021, како што тоа го прават сите европски земји“, рече Мицкоски по лидерската средба и повтори дека како партија очекуваат пописот да биде статистичка, а не политичка операција.

Од Државниот завод за статистика велат дека без разлика што датумот 1 април не важи, тие ќе продолжат со подготовките за попис следната година. Во ноември ќе почне вториот пробен попис кој треба да се спроведе во Скопје. Првиот пробен попис во 13 општини беше направен во јуни годинава.

Пописот е предвидено да чини 8,5 милиони евра и да се спроведе по електронски пат и со теренско попишување.

Би можело да ве интересира

Трошоците на живот во октомври на годишно ниво зголемени за 3.5

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Орце Костов

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска