ВИДЕО: Затворено кафулето во Бисер кое правеше забава со средношколци

Од:

Државниот пазарен инспекторат го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар Бисер во Аеродром.

„Денес беше денот за затворање по редовна процедура која мораме да ја запазиме. За разлика од вонредната состојба кога, по одлука, имавме можност веднаш да ги затвораме. Сега мораме да чекаме законски три дена, Денес истече законскиот рок и во моментов инспекторите го пломбираат локалот“, вели Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат за „А1он“.

1 СЕПТЕМВРИЕве кај ви се средношколциве, мизерија!!!

Posted by Нина Бојаџиска on Вторник, 01 септември 2020

Локалот во Аеродром во кој се организираше првосептемвриска журка без маски и дистанца, освен тоа што има забрана за работа од еден месец, добил и прекршочна пријава и од судот зависи колкава парична казна ќе му биде одредена.

Во минатиов период, и покрај забраните за собирање без маски и одржување дистанца, се одржуваа забави и во стумичкиот локал „Аватар“.

Инспекторатот се уште ја разгледува законската можност, доколку локалот продолжи со забави, да биде затворен.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска