ВИДЕО: Затворениот базен во „Суитлак“ се очекува за една година, почна изградба и на кошаркарско игралиште

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски денеска извршија увид во изградбата на затворениот базен и на почетокот на изградбата на кошаркарско игралиште во спортско-рекреативната зона „Суитлак“ во Штип.

Каевски истакна дека изградбата на овие два спортски објекта се во насока да ги подигнат спортските стандарди и со изградбата на нова инфраструктура да се придонесе што е можно повеќе млади да го заскаат, но и да го практикуваат спортот.

-Драго ми е што активностите, и покрај тоа што се наоѓаме во една специфична ситуација, се одвиваа во најдобар ред, динамиката е согласно предвидениот план и, секако, очекуваме штипјани за брзо време да добијат затворен базен кој ќе биде ставен во функција. Рокот на изведба на овој базен е до септември 2021, но секако со ваквата динамика очекуваме некаде за една година, во мај или јуни, веќе да имаме функционален базен, рече Каевски.

Посочи дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму ќе работи на реализација на нови проекти за подигнување на спортот и стандардите.

Градоначалникот на Штип Бочварски рече дека од денеска во спортско-рекреативниот центар „Суитлак“ стартува и изградба на ново кошкаркарско игралиште, според сите пропишани стандарди.

-Се работи за баскет игралиште коешто ги има сите содржини, со еден кош, рефлектори, клупи, корпи за отпадоци и ќе ги задоволи сите стандарди за оваа игра да се применува повеќе, за младите да спортуваат и овој дел од градот да го заживееме, како една вистинска спортско-рекреативна целина, истакна Бочварски.

Тој најави дека Општината во оваа зона ќе има инвестиции во изградба на пешачки и велосипедски патеки и поставување реквизити за најмалите.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена