Затвореник од „Идризово“ починал на Клиниката за токсикологија

Од:

51-годишен велешанец кој издржувал затворска казна во КПД „Идризово“ починал вчера рано утрото на Клиниката за токикологија информира Министерството за внатрешни работи.

На Клиниката бил донесен еден ден пред да почине.

– На 17.01.2023 околу 05.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Клиника за токсикологија – Скопје починал Г.С.(51) од Велес, осуденик од Казнено-поправната установа Идризово, кој кај нив бил донесен претходниот ден се наведува во соопштението од МВР.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство. За настанот е известен Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари