Затвореник дилал хероин во штипскиот затвор

Од:

Затвореник е фатен додека се обидувал да префрли хероин од едно во друго затворско крило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против А.А.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.03.2021, А.А. додека бил на издржување казна затвор во Казнено поправниот дом-Штип, набавил хероин и се обидел да го префрли во друго крило од затворот, но бил забележан и спречен од затворските службеници“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина