Затвореници дома, за да нема гужва во затворите: Директорот на санкции ќе ја форсира пробацијата

Од:

Условите во македонските затвори не се сјајни, но не се ни катастрофални, вели во интервјуто за „А1он“ новиот директор на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

– Корупција има, мора да признаеме. Дури и мене се дрзнуваат да ми испраќаат непристојни понуди и обиди за да добијат некои поволности, но кај мене тоа не поминува никако. И решен сум да ја сузбијам корупцијата во корен, вели Стојановиќ.

Дали има повластени затвореници, се одмаздува ли некој на Боки 13 и на Јанкуловска па се во лоши услови? Што е реновирано, а што не? Се само дел од прашањата на кои разговаравме со Стојановиќ.

– За да се санираат затворите треба да имаме простор, а сега сме преполни со затвореници. Пробацијата како средство прифатено во светот би било решение, вели Стојановиќ.

Тоа значи дел од затворениците да си одат дома, со што ќе се растеретат затворските капацитети. Стојановиќ вели дека е голем поборник оваа алатка да се користи што повеќе од страна на судиите и тој отворено ќе ја форсира употребата на пробацијата.

– Така и штедиме и на државата, а ќе имаме и поефикасни затвори, дециден Стојановиќ

Што е тоа пробација, и кој од затворениците ќе можат да си одат дома – погледнете во интервјуто на новиот директор на управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ

Би можело да ве интересира

Јовица Стојановиќ назначен за директор за санкции, на местото од разрешениот Марјан Спасовски

Кристијан Ландов

Стојановиќ на чекор повторно да стане директор на Управата за санкции: Доколку добијам понуда – прифаќам

Кристијан Ландов

Разрешен директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ковачевски ќе го разреши директорот за санкции по интервјуто во „А1он“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Маричиќ го демантира директорот за санкции: Не сум забранил ничие барање за интервју

Кристијан Ландов

Целосна реконструкција на бегството: (Не)намерни пропусти во амбулантата, спроводот, полицајците, командирот

Кристијан Ландов