Јовица Стојановиќ назначен за директор за санкции, на местото од разрешениот Марјан Спасовски

Од:

Јовица Стојановиќ е назначен за нов директор на Управата за извршување санкции, од каде е разрешен Марјан Спасовски по интервјуто во „А1он“. Стојановиќ е по вторпат директор на Управата, откако претходно мандатот го извршуваше од 2017 до 2022 година. Оттаму, беше префрлен да директорува со затворот „Идризово“, ресор кој подоцна им беше даден на Алтернатива, за да раководи нивни кадар. Предлогот за негово назначување помина на владина седница попладнево, а должноста ќе ја извршува веќе од утре.

„А1он“ денеска контактираше со Стојановиќ кој кажа: „Јас имам 29 години ефективен стаж во затворскиот систем“, но и дека со задоволство би прифатил понуда да раководи со Управата за извршување санкции. Овој орган е задолжен за контрола на сите затвори, а воедно, води грижа и за префрлање на затвореници од еден затвор во друг затвор.

Стојановиќ најголемиот период од својот работен век го помина во Воспитно-поправниот дом – Тетово.

Претходно, Спасовски беше разрешен по неговото интервју во „А1он“ а во кое компромитираше министри, призна дека замолчува затвореници, но и дека има дискриминирани затвореници како што е Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Затвореници дома, за да нема гужва во затворите: Директорот на санкции ќе ја форсира пробацијата

Стојановиќ на чекор повторно да стане директор на Управата за санкции: Доколку добијам понуда – прифаќам

Кристијан Ландов

Разрешен директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ковачевски ќе го разреши директорот за санкции по интервјуто во „А1он“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Маричиќ го демантира директорот за санкции: Не сум забранил ничие барање за интервју

Кристијан Ландов

Целосна реконструкција на бегството: (Не)намерни пропусти во амбулантата, спроводот, полицајците, командирот

Кристијан Ландов