Стојановиќ на чекор повторно да стане директор на Управата за санкции: Доколку добијам понуда – прифаќам

Од:

Јовица Стојановиќ е на чекор да биде назначен за в.д. директор на Управата за извршување санкции, од каде е разрешен Марјан Спасовски, дознава „А1он“. Ова практично ќе значи враќање на Стојановиќ во Управата, а со оглед дека тој раководеше со неа и од 2017 до 2020 година. Иако се споменуваат повеќе имиња како можност да раководат со овој ресор, неофицијално, единствен кој ги исполнува условите е Стојановиќ, а воедно има и најдолг стаж односно искуство.

„А1он“ контактираше со Стојановиќ, кој прашан дали би прифатил да се врати на директорската функција, одговори: „Доколку добијам понуда – прифаќам“.

Стојановиќ, во 2020 година беше разрешен од Управата за санкции, и повторно беше назначен како директор на затворот „Идризово“. Откако ресорот и припадна на партијата Алтернатива која влезе во Владата. Стојановиќ за „А1он“ посочува дека ќе му биде задоволство да се врати во Управата за извршување санкции.

„Јас имам 29 години ефективен стаж во затворскиот систем. Би ми било задоволство ако ми биде таа чест доверена. Се споменуваат повеќе имиња, не би можел да кажам пред да биде официјално. Не е само еден човек во прашање. Таа функција не се понудува, тоа се разговара – дали поминуваш, дали исполнуваш критериуми“, кажа Стојановиќ за „А1он“.

Стојановиќ пред 17 години беше директор на најголемиот затвор во Македонија, но најголемиот период од својот работен век го помина во Воспитно-поправниот дом – Тетово.

Би можело да ве интересира

Затвореници дома, за да нема гужва во затворите: Директорот на санкции ќе ја форсира пробацијата

Јовица Стојановиќ назначен за директор за санкции, на местото од разрешениот Марјан Спасовски

Кристијан Ландов

Разрешен директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ковачевски ќе го разреши директорот за санкции по интервјуто во „А1он“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Маричиќ го демантира директорот за санкции: Не сум забранил ничие барање за интервју

Кристијан Ландов

Целосна реконструкција на бегството: (Не)намерни пропусти во амбулантата, спроводот, полицајците, командирот

Кристијан Ландов