Затворени два угостителски објекти, работеле по 23 часот

Од:

Во текот на минатата ноќ полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вршеле контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, при контролите констатирано е дека два угостителски објекти, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење Kовид-19 и во нив биле затекнати повеќе лица.

– Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

Контрола на увозници на овошје и зеленчук на кванташки

Катерина Ѓуровски

Трајковски: Ќе кажам кои фирми ги прекршуваат владини одлуки кога ќе завршат постапките