Затворена ординацијата каде се оперирал пациентот кој почина од сепса

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски“ во општина Аеродром.

Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, кој бил третиран во операционата сала на оваа ординација.

„Во врска со случајот на починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, на ден 22 и 23.02.2019 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ спец.ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др сци мед. К. Митаноски“, лоцирана во општина Аеродром. Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопственикот кој е носителот на дејност согласно решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала каде е повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пациент е третиран во оваа сала“, информираат од ДСЗИ.

Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравствена дејност во наведената ординација со поставување на службена лента, а за кое во наредните денови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов

Сигурни градови, Маалски полицаец, Комунална полиција и Е-инспектори за ред и правда

Ана Ололовска