Затворен угостителскиот објект „Сокаче“

Од:

Овластениот инспектор за животна средина при општина Карпош со асистенција на полицијата денеска го запечати угостителскиот објект „Сокаче“.

Како што информира општина Карпош, затворањето е поради девет мерења и константно надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, како и постојаните поплаки од граѓаните.

Овластениот инспектор за животна средина при општина Карпош почнал постапка и извршил инспекциски надзор на 14, 15 и 16 јануари годинава, како и мерење во ноќните часови на ниво на бучава од угостителскиот објект „ШПАТО СОКАК“ ДООЕЛ, лоциран на улицата „Драган Ѓаконовски –Шпато“ бр.3 за кои има и записник. Мерењата ги извршувала фирмата „ЕУРОМАК КОНТРОЛ“ ДООЕЛ од Скопје. При повторна пријава од граѓаните, извршени биле мерења на ниво на бучава на 29 и 30 јануари, како и во два наврати во февруари и март годинава.

– При сите девет мерења во изминатиот период, согласно законската регулатива, овластен инспектор за животна средина доставуваше прекршочни платни налози за сторен прекршок во висина од 225 евра за правниот субјект и одговорното лице 67,5 евра. Тие беа испраќани и примени од правниот субјект, но во законскиот рок од осум дена не беа платени, се вели во соопштението од општина Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира