Затворен и базенот во Виница каде се правеа забави

Од:

Пазарните инспектори го запечатија и влезот на базенот во Виница, за кој претходно поднесоа кривична пријава, бидејќи сопственикот организираше забава и покрај забраната која е донесена поради пандемијата со коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Објектот нема да смее да работи се додека не се донесат протоколи од Комисијата за заразни болести чија изработка е во тек. Заедно со базенот, запечатен е и кафе-барот. Забавата на базенот се одржа минатиот викенд, а инспекторите истата вечер интервенираа во неколку објекти.

Претходно, Пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица кој исто така доби кривична пријава, а Обвинителството води постапка за клубот „Калипсо“ во Прилеп.

Пазарниот инспекторат веќе најави дека во периодот кој следува, па се до донесување на протоколите за работа, сите ноќни клубови, но и објекти каде се одржуваат забави, ќе бидат веднаш затворани и гонети пред надлежните органи.

Би можело да ве интересира

Нови 105 заболени од ковид-19

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Тројца починати, 96 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

За три дена 96 нови случаи на Ковид-19, четворица починати

Двајца починати, 57 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

98 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Ана Ололовска