Затекнати лица без сертификати и малолетник во угостителски објекти

Од:

При контрола во две казина на тетовското подрачје ноќеска биле затекнати пет лица без сертификати за примена вакцина против КОВИД, еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож.

Како што соопшти МВР, контролата била спроведена ноќеска помеѓу 22:00 и 03:00 часот од полициски службеници на СВР Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, а опфатени биле четири угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје.

На овие лица и на објектите во кои се затекнати ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Соодветен поднесок ќе му биде изготвен и на угостителски објект во село Врапчиште каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари