„Засрамете се“ – Ахмети и Џафери непожелни во Слупчане

Од:

„Засрамете се од тоа што го правите. Не сте добредојдени во Слупчане“, им порачаа жителите на липковско Слупчане и поранешни членови на УЧК, на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на министерот за одбрана Талат Џафери.

Незадоволни се, како што велат од владината анти-албанска политика и од фактот што власта, во која партиципира и ДУИ не го остварува Рамковниот договор.

Утре се одбележува потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и поранешните припадници на УЧК велат дека веќе нема да дозволат само еднаш годишно власта да се сети на нив и само да дојде и да положи цвеќе.

Тие прашуваат каде и во чии џебови завршија милиони евра кои во конфликтната 2001 година собрани од Албанците кои живеат во западна Европа.

„Албанците, а веруваме и Македонците, непотребно војуваваа, а за тоа време на нивна сметка некои профитираа, велат жители на Слупчане.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата