А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Засилени контроли на нецелосно вакцинирани деца во Кумановско

by А1он27/04/2018 - 10:09153
Share0

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во соработка превентивните тимови за имунизација од Здравствен дом, Куманово, во рамките на одбележувањето на Европската недела за имунизација во тековната недела, детално ги проверуваат картоните на децата кои подлежат на вакцинација од регионот на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, со цел да се пронајдат децата кои воопшто или нередовно се вакцинирани.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Превентивните тимови, согласно предвидениот план и програмата за имунизација одат на терен во поодалечените села во Липково и Старо Нагоричане каде што ги вакцинираат децата од предучилишна и училишна возраст, изјави доктор Јадранка Стаменковска, координатор за имнузација од Центар за јавно здравје и епидемиолог.

Последнава година, додава Стаменковска, се бележи нешто помал опфат, за пооделни вакцини, меѓу кои најнизок за МРП вакцината, што се должи, како што подвлече, на антивакциналната кампања која најмногу делува на родителите од урбаните средини.

– Годинава преку едукативен материјал наменет за родителите ги информираме за најчестите прашања и одговори поврзани со безбедноста на вакцините. Материјалот е достапен во градинки, ординации на матични лекари, училишта, појаснува Стаменковска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тежнееме, додаде Стаменковска, опфатот да биде уште поголем, бидејќи, како што објасни вакцинацијата е една од најисплатливите здравствени интервенции. Потсети дека бенефитите од воведувањето на поливалентните вакцини се повеќекратни. Според доктор Стаменковска, се намалува бројката на одење во диспанзерите, се намалува одложувањето на вакцинацијата поради настинки, тимовите кои ја спроведуваат вакцинацијата имаат можност да посветат повеќе внимание на превентивните прегледи, да разговараат со родителите и да ги посоветуваат.

Европската недела на имунизација се спроведува под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:13

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:07

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:14

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он29/06/2026 - 15:0429/06/2026 - 15:05

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Горан Наумовски20/06/2026 - 11:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео