Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници

Од:

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на 6 им се изречени казни, информира Град Скопје.

– Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота, соопшти Град Скопје.

Оттаму велат дека ќе продолжи засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини.

– Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски