Засега слаби, дури и очајни кандидати за антикорупционери

Од:

Уште на самиот старт на изборот, нема простор за оптимизам дека ќе има антикорупциска комисија која ќе биде квалитетна, храбра и бескомпромисна во битката со криминалот. Вчерашните интервјуа со 15 потенцијални антикорупционери од вкупно 57 пријавени, наместо квалитет, ја покажаа само нивната желба да седнат во фотелјите во новата комисија, со солидна плата од околу 100.000 денари и да уживаат. Несфатливо е како кандидатите не можеа да се сетат на ниту еден корупциски скандал од изминатиот период, а рецитираа дека ќе се справат со рак раната во нашата држава, а тоа била корупцијата.

Дури и обвинителот Златко Биковски смета дека би бил идеална личност за оваа одговорна функција, занемарувајќи дека токму тој, заедно со уште двајца обвинители го преспаа крвавиот 27 април и непрофесионално дозволија многу траги и докази да бидат избришани за настанот, само зошто така му било кажано на состанокот од неговиот тогашен надреден. Против него се водеше и дисциплинска постапка, ама тоа не му е проблем да биде антикорупционер. Него и колешката Гешковска „ги спаси“ колегијалноста од членовите на Комисијата, па наместо разрешување за непрофесионалноста, која не била од незнаење, добија само намалени плати. За него не е минус што тој е обвинител во случајот „Пуч“, а за кого пред Советот за јавни обвинители се води дисциплинска постапка. Се пофали дека нема изгубено ниту еден случај, а само за потсетување, од случаите „Метастаза“ и „Калдрма“ државата од парите на граѓаните надомести штета од 2 милиони евра. Знаел и дека Сашо Мијалков и неговиот тогаш претпоставен Јован Илиевски се во роднинска врска, но не сакал да шпекулира за судир на интереси.

Некои од кандидатите, не виделе корупција, но сакаат да бидат антикорупционери. На пример, кандидатот од Гостивар, Нијази Асани девет години стекнувал искуство во Швајцарија и многу му се допаѓало како се работело таму. Лепосава Апостоловска Видинов, ревизорската сака да ја замени со антикорупциска функција, не знае зошто била разрешена од ревизорското тело на ИПА. Бара механизми за тој што направил злоупотреба, да има механизми парите да се вратат.

Сите се колнат дека дека нема да потпаднат под политички притисоци. Адвокатот Тања Алтанџиева не смета дека е пречка бидејќи како член на политичка партија била заменик министер за правда и локална самоуправа и член на ДИК. И таа не се сети на некој корупциски скандал, за што нејзината партија алармираше и критикуваше цели 11 години.

Габриела Бондиќова, која доаѓа од стручните служби на СЈО не знаеше, или за да си остави простор, не одговори на прашањата на комисијата зошто е формирано СЈО и каков е нејзиниот став за мислењето на Врховниот суд за иднината на СЈО. Не се снајде ниту Дарко Бошкоски административец, кој рече дека видел корупција и мито, но ја пријавил на претпоставениот, и тука застанал, иако подоцна тврдеше дека тоа му било само на кажување без докази, но се пофали дека немал ни сообраќаен прекршок, иако после кажа дека полицаец му барал мито, токму за сообраќаен прекршок.

Сите кандидати до среда треба да ги поминат јавните интервјуа пред собраниската комисија, која потоа треба да ги одбере 7-те члена заедно со претседателот на Антикорупциска. Се очекува на 8 февруари за избраните кандидати да се гласа на собраниска седница, непосредно пред распишување на претседателските избори.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидати за пратеници во Собранието

А1он

Судии, партиски кадри, фан и сопартиец на Груби: Кој сака да лови корупција во Македонија

Александар Тодески

Полицаец, двајца доктори, студент и градежен инженер во трка за градоначалник на Охрид

ВИДЕО: Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Сандра Бошковска