Засега нема препорака за целосно укинување на полицискиот час

Од:

Засега немаме стриктна препорака за дополнително скратување на полицискиот час, рече министерот за здравство Венко Филипче, кој не ја исклучи можноста дополнително да се дискутира и за тоа на владината седница.

„Ја пратиме состојбата. Доколку треба, ќе го предложиме тоа до Владата, но засега не“, рече Филипче.

Тој рече дека во контекст на скринингот на населението, од утре ќе почне тестирањето за коронавирусот на вработените во градинките. Станува збор за околу 2.000 вработени во градинките, за кои Филипче очекува дека можат да бидат тестирани за една недела.

„Пред нас е еден мирен период, видливи се резултатите од рестрикциите, така што сите овие мерки кои досега беа на сила ги дадоа овие резултати. Пред нас е период кој може да се изменаџира од страна на здравствениот систем. Има мали варијации во изминатите неколку денови, но сите тие се поврзани со одредени настани“.

Тој рече дека во последниве денови имало зголемување на случаите на Ковид-19 поради поврзани настани – еден кластер е поради погреб кој бил одржан во Тетово, а другите случаи од Скопје биле поврзани со семеен настан кој бил одржан во околината на градот.

Министерот за здравство наброја повеќе причини кои довеле до сегашната состојба на намалувањето на интензитетот на коронавирусот, а и повеќе фактори поради кои може да се очекува дека вирусот е ставенот под контрола.

  1. Силно изразените посткарантински ефекти, кога беше ограничено движењето
  2. Затворењето на границите
  3. Случаите со локална трансмисија
  4. Фактот што белодробните епидемии најчесто траат 8-12 недели, а кај нас е 11та недела
  5. Очекувањата дека високите температури ќе придонесат да се намали преносот

„Може да бидете спокојни дека сите досегашни мерки ги носевме врз основа на стручни медицински анализи кои очигледно дадоа резултат. Уште еднаш апелирам да се почитуваат трите клучни препораки – држење дистанца, носење маска и редовна дезинфекција на раце. Согласно нашите трендови, се очекува стабилизација на ширењето на вирусот, но свесни сме дека целосно исчезнување на вирусот тешко е да се очекува“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата

Филипче од Радовиш вети просечна пензија од 30 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Филипче: Зголемување за 15% на капитацијата за матичните лекари

Орце Костов

Филипче: Имаме план како да вратиме дел од лекарите кои заминале

Горан Наумовски