Запрена истрагата за НЛБ за перење пари

Од:

Директорите на НЛБ банка, Ѓорѓи Јанчевски и Љубе Рајевски, ексминистерот за животна средина Томе Тромбев и поранешниот градоначаник на Битола, Владимир Талески нема да одговараат за перење пари. Обвинителството за организиран криминал ја запре истрагата.

Предметот беше отворен во 2017 година против 8 лица, а првично го водеше обвининителката Лидија Раичевиќ. Откако не беше реизбрана, истрагата ја водеше новоизбраната обвинителка, Ивана Трајчева.

Како што соопшти обвинителството,надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопсежна истрага, донел наредба за запирање на истражната постапка против осум македонски државјани. Лицата беа осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со 3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, а четворица од нив беа осомничени и за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик.

„Надлежниот обвинител врз основа на член 288 ст.1 од Законот за кривична постапка донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против две правни лица осомничени за перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.12 во врска со ст.1 од Кривичниот законик”, се вели во соопштението.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ

Наместо Судскиот совет во иднина самите судии меѓусебно ќе се оценуваат

Ана Ололовска