Започната е за истрага за тројца малолетни насилници кои тепаа познаници во училишен двор во Сарај

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело насилство.

„Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници.

Настанот, како што се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, се случи на 12 декември во дворот на О.У. „Дитурије” во Сарај. Двете деца – жртви на насилството тргнаа да си одат дома кога на излезот од училишниот двор ги пресретнаа напаѓачите. Насилниците започнаа да ги удираат со тупаници и клоци жртвите по главата и телото. Едното оштетено дете се здоби со површинска рана на главата, додека на другото дете му се нанесени тешки повреди – контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело.

Со насилството сторителите предизвикале чувство на несигурност и страв и кај други деца кои во тој момент излегувале од училиштето.

Имајќи ја предвид возраста на децата во судир со законот, но и потребата да се обезбеди непречено водење на постапката, јавниот обвинител на судијата му предложил да определи мерки на претпазливост – јавување во суд, одземање на патната исправа и забрана за приближување и остварување какви било контакти со оштетените деца, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Му се закани дека ќе му го убие целото семејство, па му одгриза дел од прстот

А1он

Ја силувал, ја тепал со столица, се заканувал дека ќе ја фрли од тераса

Предраг Петровиќ

Приведен психијатар осомничен за злоставување и дрогирање малолетници

Предраг Петровиќ

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“