Започна втората фаза од поставувањето на канализација во Брвеница

Од:

Во општинскиот центар Брвеница денеска започнаа градежните работи од втората фаза за поставување на канализациска мрежа. Според планот работите треба да завршат за околу шест месеци со што канализација треба да добијат и Брвеница и соседното село Долно Седларце.

-Со проектот за изградба на канализација започнавме минатата година и досега е направено многу бидејќи е поставен главниот колектор покрај улицата што минува низ Брвеница. Ова денеска е продолжување на главниот колектор до реката Вардар каде што отпадните води ќе имаат физички третман пред да бидат испуштени. На тоа место се планира да се спојат и останатите канализациони мрежи од другите населени места и да има и пречистителна станица, изјави градоначалникот на општина Брвеница Енвер Пајазити.

Проектот е финансиски поддржан од Европската инвестициска банка, но дел од средствата се и на општината. Вкупната инвестиција изнесува 24 милиони денари.

-Секаде имаме започнато со поставување на канализација. Во Челопек најголемиот дел е завршен, а и во Милетино имаме уште да работиме како и во Тенова каде што сме започнале. Останува Блаце, Стенче и Волковија, но тие се помали села, а опфатени се во овогодинешната програма на општината за инвестирање, рече Пајазити.

Општината ќе треба да ја доврши секундарната и терцијалната мрежа. Со овој проект ќе бидат опфатени 3.200 жители, а предвидениот периодот за изградба е шест месеци.

Би можело да ве интересира

Пендаровски од Брвеница: Ќе продолжам да градам мостови на соживот

А1он

Тетовец пукал на семејна веселба, куршум завршил во куќа на соселанец

Во Брвеница се пукало на семејна веселба, проектилот завршил кај соседот, еден приведен

Во тетовска Брвеница повеќе од 12 часа нема струја

Гори земјоделска задруга во тетовска Брвеница, пожарникарите со часови се обидуваат да го скротат огнот

Жарко Настоски

Река: За да живееме концепт на една Република за сите, треба да постои реална еднаквост