Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Од:

Во општина Брвеница се реализирани над 100 проекти, посочи денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски.

„Во овој мандат успеавме да ја направиме општина Брвеница најтранспарентна општина во Полошкиот регион и меѓу најдобрите во државата.

Во овој период успеавме да ги реновираме скоро сите училишта во општината.

Водоводната мрежа ја зголемивме за над 6000 метри, канализационата мрежа за 9000 метри со сопствени средства и со помош на Јавното претпријатие. Во Брвеница е во функција нов бунар за вода, што го решивме проблемот за Брвеница и Седларце со водоснабдувањето.

Поставена е нова урбана опрема во сите населени места, нови терени со вештачка трева, детски игралишта и автобуски постојки.

Во делот на патната инфраструктура до крајот на мандатот ќе бидеме меѓу ретките општини што во целост ќе ја комплетираат патната инфраструктура.

Ги помагаме спортските клубови во општината. Во тек се уште неколку проекти, за кратко време ќе започнеме со изградба на спортска сала во вредност од 800.000 евра и детска градинка, со што ќе се реши проблемот за сместување на децата во детските градинки“, рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење