Арсовска почна да го украсува Скопје, ден откако заврши рокот

Од:

Еден ден по истекот на рокот, реакции од граѓаните и во медиумите, почна да се украсува Скопје во пресрет на празниците. Од Градот Скопје за „А1он“ кажаа дека до вчера, централното подрачје треба да е целосно украсено, но до утрово, немаше светилки и елка. По ова, попладнево информираа дека почнато е украсувањето.

„Централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања. Денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“. Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје“, велат од Град Скопје.

Претходно, тие во одговор за „А1он“ посочија дека од 10 до 15 декември, украсувањето ќе биде завршено. Притоа, и натаму нема одговор кога ќе започне предновогодишниот базар на плоштадот „Македонија“, како и од што се состои програмата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд