ВИДЕО: Започна средбата помеѓу албанските парламентарни партии

Од:

Во хотелот Александар Палас започна средбата помеѓу албанските парламентарни партии каде што ќе се разговара за имплементацијата на програмските определби, a се очекува и да се отвори прашањето за употребата на албанскиот јазик. Од ДУИ најавија дека треба да се види до каде се работите со чувствителните прашања, за да се искоординираат за понатамошните активности.

На средбата присуствуваат Али Ахмети, Теута Арифи, Изет Меџити, Артан Груби од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.

Движењето БЕСА најави дека нема да присуствува на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Како причина за ваквата одлука го наведоа фактот дека средбата е повикана од луѓе кои што се осомничени од СЈО и кои верно им служеле на ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата