ВИДЕО: Започна средбата меѓу Ахмети и Мицкоски

Од:

Во Собранието започна средбата меѓу претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Средбата е на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за да ги претстави своите кандидати за техничката Влада на лидерот на ДУИ.

По оваа средба, Мицкоски во Владата треба да се сретне со премиерот Зоран Заев. И оваа средба е на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и е со истата цел.

Заев синоќа, по Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, каде за технички премиер беше избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за вицепремиерка, на местото на Кочо Анѓушев, Мила Царовска, истакна дека тој на денешната средба со Мицкоски ќе го отвори прашањето и измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака за тоа да разоговара.

На лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, беше договорено на 12 април да се одржат предвремени парламентрани избори. Согласно процедурата, на 90 дена пред изборите треба да се формира техничката влада или во случајов тоа треба да се случи на 3 јануари.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата