Запленети седум килограми хероин на ГП „Богородица“

Од:

Седум килограми хероин заплениле царинските службеници изминатиот викенд, во саботата, при контрола на патничко возило на граничниот премиен Богородица. Хероинот бил набавен во Истанбул, а требало да биде пренесен во Нози Пазар.

Како што информира денеска Царинската управа на РМ, возилото, со српски регистарески ознаки, а управувано од државјанин на Србија, во саботата околу 20:15 часот е пријавено за влез во државава. Возачот рекол дека нема ништо за пријавување но при контролата на возилото во два акумулатора, едниот сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор, се пронајдени 14 пакувања облепени со селотејп наполнети со кафеава прашкаста материја. По извршеното тестирање е е утврдено дека се работи за хероин со вкупна тежина од 6,9 килограми.

Царинската управа против српскиот државјанин поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Велес и тој е изнесен пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар