Запленети околу 6.200 парчиња пиротехнички средства во Скопје

Од:

|Жител на Батинци е приведен денеска откако полицијата го фатила на улица во Скопје со 4.811 парчиња различни видови пиротехнички средства информира министерството за внатрешни работи.

– Денеска (28.12.2022) на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го привеле И.К. од с.Батинци, скопско. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава се наведува во соопштението од МВР.

Од Министерстото дополнително соопштуваат и дека на Бит Параз биле запленети 1.358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски