Запленети над 55 илјади парчиња пиротехнички средства од две лица од Скопје и Битола

Од:

Полицијата од Скопје и Битола заплени 55 илјади парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против двете лица кај кои се пронајдени пиротехничките средства ќе бидат поднесени кривични пријави за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52 илјади парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго.

Од МВР велат дека ќе продолжат со мерките и активностите со цел санкционирање на вакви кривични дела.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски