Запленети бесправно исчени дабови дрва кај жители на Велешта

Од:

Полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад  поднесе прекршочна пријава против  43-годишниот К.Х. и  четири години помладиот В.Х., двајцата од струшкото село Велешта, заради нелегален транспорт на бесправно исечени дрва во шума кои не биле жигосани и за кои не поседувале испратница.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на први минатиот месец околу 16 часот, кај месноста Лозја во атарот на селото Ташмаруништа, пријавените биле  затекнати во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча.

– Транспортот го вршеле на магистралниот пат Струга-Дебар со патничко возило-џип марка „Рено-Еспејс“ со тетовски регистарски таблици без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт, вели Димоски.

Нелегално пресечената и транспортирана дрвната маса заедно со патничкото моторно возило биле одземени,  во консултација со шумската полиција.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири

Георгиев: ЈП „Македонски шуми“ за две недели ќе ги испорача и последните количества огревно дрво

Наум Локоски