Запленети 50 килограми марихуана кај Охрид

Од:

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР – Охрид, синоќа во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, во близина на населбата Рача сопрен е патнички автомобил, управуван од 53 годишен жител на Струга.

При проверка на возилото во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми марихуана. Осомничениот се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници.

Во врска со случајот приведен е и 31 годишен жител на Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас