Запленети 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Од:

Царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со Министерството за внатрешни работи, на граничен премин Блаце пронајдоа 42 паковки со околу 20 килограми марихуана.

На 21 март 2017 годинa околу 10:30 часот, на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце се пријавило патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. При прегледот на возилото, во задните врати на комбето помеѓу лимот и тапацирот, поточно во левата и десната задна врата, под тапацирот на левото и десното задно крило и во внатрешноста на моторот биле пронајдени 42 пакувања, со вкупна тежина од околу 20 килограми. Сите паковки биле наполнети со растителна материја која при тестирање со тестер за дрога NIK добиени се индикации дека се работи за марихуана.

Сите изготвени документи, дрогата и лицето се предадени на службени лица од Министерството на внатрешни работи за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он