Запленет кокаин на аеродромот во Скопје

Од:

На Аеродромот Скопје во Скопје Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи, спречи уште еден обид на криумчарење на наркотични дроги. Откриено е и запленето околу 2 кг кокаин.

На 5.12.2018 година околу 20,30 часот со летот од Цирих, на влез во Република Македонија селектиран е детално прегледан патник државјанин на Република Венецуела. При прегледот, во неговиот багаж пронајдено е околу 2 кг бела прашкаста материја, која при проверка со тестер за дрога дала позитивен резултат за присуство на cocaine hydrochloride, што индицира дека непознатата растителна материја е наркотична дрога кокаин.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата прашкаста материја е доставена на вештачење со кое е утврдено дека станува збор за кокаин.

Вредноста на запленетата дрогата, на црниот пазар во Република Македонија, изнесува околу 140 000 евра, додека истата при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570 000 евра.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава,заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски