Запалени возила на бугарската Амбасада во Скопје, полицијата трага по сторителот

Од:

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лице осомничено дека денеска подметнало пожар во возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Според првичните информации, непознато лице најпрво запалило патничко дипломатско возило „сузуки витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое било паркирано во непосредна близина и е сопственост на бугарската Амбасада. По извршувањето на делото, осомничениот избегал од местото на настанот.

Благодарение на брзата реакција на обезбедувањето на Амбасадата, пожарот бил навреме локализиран и изгаснат, со што била спречена поголема материјална штета и евентуално ширење на огнот.

На местото извршен е увид, а надлежните служби работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Во тек е анализа на снимките од безбедносните камери и прибирање на други докази кои би помогнале во идентификацијата на сторителот.

Засега нема информации за повредени лица, а истрагата продолжува.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Опожарени два паркирани автомобили во Куманово

Горан Наумовски

Брзата реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале

МВР: Едно лице е повредено во пожар на автомобили и сува трева на скопското Кале

Горан Наумовски

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар

Горан Наумовски