А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Занаетчиите тврдат дека без финансиска поддршка за плата многу бизниси нема да опстанат

by А1он08/02/2021 - 12:47462
Share0

Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка, зашто поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците. Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии и тие воопшто не можат да аплицираат, тврдат од Занаетчиската комора Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според нив, мерката за финансиска поддршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза и доколку не се одобри повторно многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.

-Сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, еден од долгогодишните проблемите со кои се соочува занаетчискиот сектор е сивата економија која што претставува реален проблем на легално регистрираните занаетчии. Само со координирани конкретни активности кои ќе се преземат од надлежните институции, формализација на нерегистрирано вршење на дејност, и конкретна стратегија за намалување на сивата економија ќе доведе до конкретни резултати, изјави Горан Ристовски претседател на Занаетчиска комора Скопје.

Од комората посочуваат дека измената на Законот за ДДВ за намалување на даночната стапка од 18 на 5 отсто, кој беше дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата не беше согласно барањата на занаетчиите, затоа што во измените и дополнувањата влегоа многу мал број занаетчиски дејности кои не се ДДВ обврзници.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во однос на законското решение за недела како неработен ден,посочуваат, доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат.

-На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност. Засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела, велат од комората.

Занаетчиската комора Скопје, беше директно вклучена во креирањето на мерките кои ги предложија занаетчиите кои треба во наредниот период да помогнат во справувањето со кризата од коронавирусот.

vladini merkizanaetcii

Би можело да ве интересира

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 11:46

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 13:5514/01/2026 - 14:24

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Катерина Ѓуровски09/12/2023 - 13:59

Арсовска: Занаетчиските бизниси имаат економска вредност за градот и затоа треба да се поддржуваат

А1он29/09/2021 - 16:06

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски29/06/2021 - 21:26

Владата ќе им подели по 500 евра кризна помош на 745 естрадни уметници

Жарко Настоски29/06/2021 - 18:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео