А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Законските измени за минимална плата усвоени од матичната собраниска Комисија

by А1он06/11/2014 - 14:41139
Share0

Повисоки глоби за работодавачите кои не исплаќаат минимална плата и зголемување на висината на социјалната и на постојаната парична помош за пет проценти од јули следната година, предвидуваат предложените измени на законите за минимална плата и за социјална заштита, што ги поддржа денеска матичната собраниска Комисија.

Добивај вести на вибер

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов образложи дека во случај кога инспекторите ќе утврдат дека работодавачот не исплаќа минимална плата ќе му даде рок од седум дена да го испочитува Законот, а во спротивно ќе му биде изречена глоба во износ од 8.000 до 9.000 евра.

– Доколку се повтори прекршокот во текот на една година се предвидува парична казна од 9.000 до 10.000 евра и 15-дневна забрана за работа. Во периодот додека тече забраната работодавачот ќе биде должен да ја исплати минималната плата. Исто така, се предвидуваат и глоби од 4.000 до 5.000 евра за одговорното лице во правниот субјект доколку не се почитува Законот за минимална плата, рече министерот Спасов пред членовите на Комисијата за труд и социјална политика.

Законските измени, потенцира, утврдуваат и дека обврската за исплата на минималната плата почнува во јануари тековната година. Од јануари следната година, како што информира Спасов, минималната плата се зголемува од 8.800 денари на 9.590 денари, а во јануари 2016 ќе изнесува 10.080 денари. Кај трудоинтензивните дејности  – текстилното и кожарското производство, за каде е даден период на усогласување, во 2015 година  ќе се исплаќа минимална плата од 8.050 денари,  9.000 денари во 2016, 9.590 денари во 2017, а   во 2018 година ќе изнесува 10.080 денари.

– Измените на Законот за минимална плата се прифатени од сите социјални партнери, рече Спасов.

Во  одговор на  пратеничката Роза Топузовска Каревска која побара податоци за почитувањето на Законот, Спасов  презентира резултати од инспекции на  Државниот инспекторат за труд  од март годинава кај 10.104 приватни компании со 173.686 работници. Утврдено е дека  на 38.206 работници им е исплатена  минимална плата, 127.987  добиле повисока плата од минималната, а на 7.495  работници им е исплатена плата пониска од минималната. Инспекторатот изготвил 1.015 решенија за отстранување на неправилностите, по кои голем дел од работодавачите постапиле, а за 45 се поднесени прекршочни пријави.

Пратеничката Топузовска Каревска  праша како надлежните институции ќе се справат, според неа, со проблемот со кој се соочуваат работниците кога работодавачите им исплаќаат минимнална плата, но потоа им бараат да вратат дел од неа.

Таквите примери, според Спасов,  тешко се докажуваат.

– Сите имаме слушнато за такви примери, а може да има секаде. Првин се работи за лична одговорност на  работодавачот на приватната компанија и за начинот на кој тој ги  почитува работничките права. Второ во однос на вакви случаи доколку ги има, без исказ од страна на работникот кој вратил дел од парите кои ги примил од работодавачот, овој прекршок е недокажлив. Ако постои ваков пример потребно е да даде ваква изјава. Ова е и кривична  одговорност, односно работодавачот може да одговара кривично, рече министерот Спасов.

За предложените измени на Законот за социјална заштита со кои се предвидува зголемување на надоместот за социјална помош за 5 проценти, наведе Спасов, се предвидени 56.200.000 денари. Зголемување на социјалната помош ќе значи подбрување на животот на овие граѓани, наведе министерот Спасов.

Пратеничката Соња Талеска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за разлика од 2006 година сега социјалната помош изнесува 4.266 денари, односно е зголемена за 37 проценти.  Постојаната парична помош, пак, од 3.695  денари во 2006 година достигна 5.392 денари во 2014 година. – Станува збор за континуитет во поддршката на оваа категорија граѓани, наведе Талеска.

Со законските измени се предлага Министерството за труд и социјална политика да донесе нормативи за целодневна исхрана за установите за социјална заштита, за згрижување деца без родители, доенчиња без родителска грижа и за згрижување стари лица, кои се однесуваат на задоволување  на потребите од енергетски, хранливи и заштитни материи.

– Ќе се овозможи  Министерството да усвои сезонски листи на јадење согласно нормативите за целодневна исхрана, со што практично овозможуваме правна и законска рамка за да се регулира делот на исхрана во овие институции, со цел да го следиме позитивниот пример во  детските градинки каде значително се подигна квалитетот на храната, наведе Спасов.

platasobraniesocijala

Би можело да ве интересира

Кашиковски: Има пари за августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Горан Наумовски06/10/2025 - 10:48

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 12:21

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:0224/09/2025 - 11:14

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:55

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:29

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски05/09/2025 - 10:4205/09/2025 - 10:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен